Конте: Потребни ни се уште осум победи за да ја освоиме титулата

Челси има десет бода предност пред Тотенхем и пред Манчестер сити на врвот на табелата во Премиер – лигата, но менаџерот Антонио Конте не сака неговите фудбалери да се опуштат и да мислат дека е се завршено. Тој бара да остварат уште осум победи до крајот на шампионатот, сметајќи дека тоа секако е доволно за да се освои шампионскиот трофеј.

„Мислам дека осум победи ќе ни бидат доволни, нели. Но, нема да се фокусираме на математика, туку на фудбал. Одиме натпревар по натпревар и ќе сакаме да победиме на секој нареден дуел“, изјави Конте.

На Челси, од сегашен агол, математички навистина му се потребни осум победи во последните 11 кола за да ја осигура шампионската титула.

Се вчитува...