Конте станува најплатен тренер во Италија

Во оној момент кога ќе го потпише договорот за преземање на тимот на Наполи, а италијанските медиуми пишуваат за тоа како готова работа, Антонио Конте ќе стане најплатениот тренер во Серија А. Иако не е објавена точната сума на неговите примања, тоа го тврдат италијанските медиуми и додаваат дека тој ќе има плата меѓу осум и девет милиони евра.

Италијанските медиуми пишуваат дека договорот би требало да биде официјализиран до крајот на неделава. Не е познато само дали Конте ќе потпише на две или на три години, со опција на продолжување на уште една.

Најплатен тренер во Италија е Симоне Инзаги од Интер. Работи за 5,5 милиони евра годишно, на кои треба да се додадат и бонусите.

Се вчитува...