Конте: Тотенхем е сега најдобриот тим во Англија

Антонио Конте не го криеше разочарувањето по слабата игра на Челси и заслужениот пораз на дербито со Манчестер јунајтед. Ова беше втор пораз за лидерот на табелата во последните четири кола, по што предноста во однос на второпласираниот Тотенхем се намали на четири бода, па Конте смета дека со последниот неуспех шансите за титулата на неговиот тим се намалени на 50%.

Мислам дека Тотенхем е најдобриот тим во Англија во моментов, тие играат во одлична форма и имаат неверојатен ентузијазам, најверојатно чувствуваат дека можат да испишат историја. Нашите два порази се сосема различни, против Кристал палас не заслуживме да загубиме, што не можам да го речам за денешниот дуел. И јас самиот сум виновен, бидејќи не успеав врз играчите да ја пренесам вистинската мотивација, вистинската желба за победа“ – истакна Конте.

Челси и Тотенхем ќе ги одмерат силите во полуфиналето од ФА Купот на Англија, а во следното коло од Премиер-лигата „сините“ ќе го пречекаат Саутемптон, додека „спарси“ ќе му гостуваат на Кристал палас.

Се вчитува...