Конте: Цела сезона – иста приказна

Антонио Конте ги губи и последните кредити што ги има кај Роман Абрамович, откако Челси не успеа да триумфира ниту на дуелот со Вест хем на домашен терен, зголемувајќи го притисокот на италијанскиот стратег да му биде врачен отказ. Трофејниот стручњак делува безидејно, а причината за слабиот резултат на лондонското дерби ја лоцираше во неефикасноста на неговите фудбалери.

Оваа средба само ја повтори приказната што ни се повторува цела сезона – за да победуваш на натпревари треба да ги користиш шансите. Ние креираме многу шанси, но не успеваме да ги искористиме. Потоа противникот ќе ни шутне два пати, ќе постигне еден гол и нема да победиме. За жал, ова беше уште една добра партија, но тоа нема да се памети бидејќи фудбалот се игра за да се постигнат голови“ – изјави Конте.

Со вчерашното реми шансите на Челси за место во ЛШ се сведени на теорија, а Конте сигурно ќе си замине од „Стемфорд бриџ“, единствената дилема е дали тоа ќе се случи во следните денови или Абрамович ќе почека на разделба до крајот на сезонава.

Се вчитува...