Конте во јануари го носи Матиќ во Интер

Во трката за шампионската титула сезонава во Серија А, Интер во јануарскиот преоден рок планира неколку засилувања со кои ќе остане сериозно конкурентен на Јувентус до крајот на шампионатот.

И Антонио Конте во неколку наврати потенцираше дека мора да го прошири ростерот доколку се сака трофеј. Па, според пишувањата на англиските медиуми еден од фудбалерите кои Конте сака да ги донесе во Интер во јануарскиот преоден рок е и Србинот Немања Матиќ.

Матиќ воопшто нема причини за некое задоволство сезонава во Манчестер јунајтед. Веќе и отворено, во неколку наврати, нагласи дека сака да замине од клубот незадоволен од статусот кој го ужива кај Оле Гунар Солскјер. Запиша само шест настапи за Јунајтед, па јасно е зошто е незадоволен.

Матиќ веќе соработуваше со Конте додека Италијанецот го водеше Челси во Премиерлигата.

Се вчитува...