Конте во разговор со Пандев: Горане не се пензионирај, имаш уште многу да дадеш на фудбалот

По синоќешниот натпревар на Џенова во кој најдобриот македонски фудбалер со два гола стигна до бројката од 100 во Серија А во својата кариера, Горан Пандев и на директна релација со тренерот на Интер, Антонио Конте пред тв-јавноста.

„Секако Интер е тим кој постојано го следам. Ова е добра година да се освои Скудетото. Му честитам на Конте за работата и секако посакувам славје со титула на крај“ – му порача Пандев.

Конте, не остана должен, истакнувајќи дека Горан треба добро да размисли дали сака пензија по крајот на сезоната.

„Не се пензионирај, имаш уште многу да му дадеш на фудбалот. Се додека тренинзите не ти се товар, остани во фудбалот. Јас минатата година го посакував Пандев во Интер, но ете се гледа дека е исправен неговиот потег за останување во Џенова“ – истакна Конте.

Се вчитува...