Конте заминува од Интер, веќе позната и можната негова замена

Конте по само една сезона го напушта Интер, пренесуваат италијанските медиуми. „Нераѕурите“ успеаја да се изборат за директен пласман во Лигата на шампионите, што беше цел пред сезоната, но се чини дека челниците на клубот на крајот не се баш задоволни.

Наводно, Конте е во крајно лоши односи со раководството на клубот, се подлабоки се меѓусебните несогласувања, поради што одлучено е за прекин на соработката. Проблем е единствено фактот дека Конте заработува 12 милиони евра годишно, и не се согласува самоволно да замине од клубот затоа што бара отштета или да остане на платен список додека не пронајде нова работа.

Веќе е донесена и одлука да се врачи отказ на Конте, а се разгледува и листата на негови можни наследници. Новиот тренер на Интер ќе бира меѓу Масимилјано Алегри и Маурицио Покетино.

Сепак, интересно е дека на страната на Конте се навивачите на клубот кои веруваат дека треба да остане на клупата на тимот затоа што Интер игра далеку подобро откако тој ја презеде екипата.

Се вчитува...