Фудбалската репрезентација на Хрватска загуби со 0-2 од Белгија во првиот од двата контрочни натпревари кои ќе ги одигра во подготовките за настап на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Гостите поведоа во 38. минута од првото полувреме кога Тилеманс прецизно стрелаше за 0-1 на асистенција на Де Кујпер. Конечните 0-2 ги постави Лукаку во 96. минута.
Хрватска ја чека уште една контрола против Словенија, а на Мундијалот во групната фаза ќе играат против Англија, Панама и Гана.
Од друга страна Белгијците ќе тестираат уште против Тунис, а на шампионатот во групниот сегмент ќе се сретнат со Египет, Иран и Нов Зеланд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
