Во пресрет на новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, екипите ги финализираат подготовките во контролни натпревари.
Екипата на Работнички забележа нова победа, совладувајќи го тимот на Еуромилк ГЛ со 2-1. Избраниците на Баже Јанакиевски го решија прашањето на победникот уште во првото полувреме. Кудијан донесе водство за дебармаалци во 39. минута, а само три минути подоцна, во 42. минута, Исмаили зголеми на 2-0.
Успешно попладне имаше и тимот на Беласица, кој на гостински терен го совлада Кожуф со 0-2. По мирното прво полувреме без голови (0-0), струмичани го скршија отпорот на домаќините во вториот дел. За екипата на Кожуф ова беше втор контролен натпревар во рамките на летните подготовки на кој го запишаа и првиот пораз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
