Контроверзна фотографија на Салах со чеченскиот лидер Кадиров

Ѕвездата на египетската фудбалска репрезентација, Мохамед Салах, се најде во непријатна ситуација откако се појави негова фотографија со контроверзниот чеченски лидер, Рамзан Кадиров. Салах е искористен како „политички капитал“ стои во реакцијата од телото за антидискриминација на ФИФА.

Фудбалската репрезентација на Египет ја користи Чеченија како база за подготвки пред настапот на Светското првнество во Русија. Уште при изборот на оваа држава имаше бурни реакции околу опцијата воено-разурнатата поранешна советска република да се користи како база за подготовки.

Од организациите за борба за човекови права велат дека ФИФА направила оргомна грешка што не и забранила на селекцијата на Етипет да се подготвува во оваа држава.

За фотографијата се огласија ФАРЕ како и Амнести интернешнал. Овие две организации постојано предупредуваат за кршењето на човековите права во Чеченија чиј лидер Кадиров важи за сојузник на рускиот претседател Владимир Путин.

Мохамед Салах и Етипет, фудбалскиот мудијал во Русија ќе го почнат со дуел против Уругвај. Играчот на Ливерпул и натаму е неизвесен за настап на овој натпревар поради повредата на рамото добиена во финалето на Лигата на шампионите.

Се вчитува...