Претседателот на Панатинаикос, Димитрис Jанакопулос, доживеал сообраќајна несреќа синоќа во Атина, во инцидент кој се случил кога возилото во кое се наоѓал било вмешано во судир со друг автомобил.
Првите информации предизвикале загриженост кај навивачите на атинскиот великан, но набрзо пристигнале охрабрувачки вести.
Според грчки извори, во сообраќајната несреќа нема повредени лица, а на возилата е евидентирана само материјална штета.
Исто така, немало потреба од медицинска интервенција, што потврдило дека целиот настан поминал без сериозни последици.
Сè се случува во моментот кога Панатинаикос води голема битка со Олимпијакос во финалната серија од грчкото првенство.
Дуелите на двата најголеми ривали во последните недели се обележани со големи тензии и бројни контроверзии, не само на паркетот, туку и надвор од него.
Димитрис Јанакопулос со години е познат како една од најконтроверзните личности во европската кошарка, а неговото име често се поврзува со турбулентни настани во грчкиот спорт.
Ривалството меѓу Панатинаикос и Олимпијакос се смета за едно од најжестоките во Европа, а Јанакопулос често е во центарот на вниманието за време на големите натпревари.
Поради сето ова, информацијата за сообраќајната несреќа на претседателот на Панатинаикос брзо одекна меѓу навивачите на двата клуба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
