Контроверзниот Кантер почнува нова професија

Турскиот кошаркар Енес Кантер одлучи по завршувањето на кариерата да премине во „кечери“. Центарот на Бостон Селтикс призна дека „WWE“ му понудил договор кој планира да го прифати по завршувањето со кошарката.

27-годишникот сака во НБА да остане најмалку уште 6 до 7 години, а потоа да направи трансфер во „WWE“. Кантер веќе имаше настап со најдобрите „кечери“ во септември 2019 година кога успеа да го освои појасот во категоријата „24/7“.

Се вчитува...