Кореа со еврогол ја реши Валенсија, Атлетико Мадрид на девет бода од Барселона

Атлетико Мадрид ја совлада Валенсија со 1-0 и се доближи на девет бода од лидерот Барселона на врвот на табелата во Ла Лига. Тимот на Диего Симеоне сега има и десет бода предност во однос на градскиот ривал Реал Мадрид, кој се наоѓа на четвртата позиција.

Анхел Кореа беше стрелец на победничкиот гол за „јорганџиите“ на овој натпревар. Тој во 59.минута се одлучи за силен удар од 25 метри и постигна прекрасен гол. До крајот, Атлетико Мадрид знаеше како да ја задржи минималната предност и да ја претвори во нови три бода.

Се вчитува...