Корејски „робови“ го градат стадионот на Зенит за СП 2018

Еден од стадионите кои се градат за СП во Русија го градат најмалку 110 работници од Северна Кореја во услови какви што и робовите ги немале. „Зенит“ арената со капацитет од 68,000 места се гради веќе 11 години, а досега се потрошени 1.2 милијарди фунти за изградбата. Се смета дека ќе бидат потрошени двојно повеќе средства до крајот на изработката на проектот, додека пак, работниците заработуваат само 8 фунти за 17 часа работа.

За работите да бидат уште полоши, во текот на изградбата починале четворица работници од различни фактори, како срцев удар, спој на струја, студ, глад. Од предвидената плата 90н проценти ја зема Северна Кореја, а само 10 проценти останува за работниците кои немаат никакви услови за живот и работа.

„Тие не се тука доброволно. Имаат потпишано договор со услови како во нивната земја. Корејски компании кои се во Русија ги продаваат нивните работници. Цело време се под надзор, платата и условите за работа се бедни. Спијат во контејнери на ненормално ниски температури. Најлошо е што овие луѓе не се квалификувани за оваа работа. Затоа и се случуваат несреќи.“ – изјави Андреј Јакимов, адвокат и социјален антрополог.

Секој работник што нема да ги исполни барањата според договорот ќе се соочи со тешки последици во неговата земја. Но, доколку ги исполнат сите услови од договорот, ветено им е дека нивниот лидер вечно ќе им биде благодарен. ФИФА иако е запознаена со смртта на четворицата работници, се уште немаат превземено никакви мерки. Додека Организацискиот комитет на првенството тврди дека работниците се третирани според законите во Русија.

  

Се вчитува...