Корнелија Хитер им ја донесе на Австријките првата победа сезонава во Светскиот куп

Австриската скијачка Корнелија Хитер ја донесе првата победа за женскиот тим на оваа земја сезонава во Светскиот куп во алпско скијање откако на неверојатен начин славеше на супервелеслаломот во норвешкиот ски-центар Квитфил.

Хитер до победата стигна со време од 1:26.83 минута што беше за само еден стоти дел од секундата подобро од второпласираната Италијанка, Елена Куртони. Подиумот го надополни Лара Гут-Бехрами со заостанување од 12 стотинки зад времето на победничката.

Водечката во генералниот пласман Американката, Микаела Шифрин трката ја заврши на четвртата позиција со заостанување од 16 стотинки зад времето на победничката. Утре на програмата во Квитфил е спуст трката.

Се вчитува...