Корона во Парма – цел прв тим и стручен штаб во изолација

Целокупниот прв тим на Парма заедно со стручниот штаб се наоѓа во изолација откако едно вработено лице во клубот имало позитивен резултат на тестот за коронавирус. Не станува збор за фудбалер или за тренер, но бидејќи лицето во изминатите денови било во контакт со членови на екипата, согласно протоколот сега сите се ставени во изолација.

Парма го потврди случајот на официјалната веб-страница, додавајќи дека веќе се извршени тестови врз фудбалерите, кои биле негативни.

Согласно протоколот што беше договорен во Италија, вечерва ќе биде извршено ново тестирање на целокупната екипа, а доколку и тие тестови се негативни, тимот без проблем ќе го одигра утрешниот дуел со Болоња. Доколку се случи поголем дел од тестовите да бидат позитивни, тогаш е можно да дојде до одлагање на натпреварот.

Се вчитува...