Коронавирус во Милан: Донарума позитивен

Џанлуиџи Донарума и Јенс Петер Хауге како и уште тројца вработени во Милан добиле позитивни резултати на тестирањето за коронавирус спроеведено вчера вечер. Сите позитивни се без симптоми, веднаш се изолирани и известени се локалните здравствени власти, вели клубот во официјалното соопштение.

Сите останати членови на екипата како што налага протоколот денеска биле повторно тестирани и сите добиле негативни резултати.

Милан вечерва се среќава со Рома во дербито на 5. коло во Серија А, меч на кој на голот на „росонерите“ се очекува да се појави романскиот голман Татарушану.

Се вчитува...