Коронавирусот повторно создава проблеми во Металург

Металург во текот на ланската сезона имаше огромни проблеми со коронавирусот, тренд што продолжува и во подготовките за новиот шампионат на Македонија.

Најголемото засилување на Металург, Оливие Ниокас, не настапи на вчерашниот дуел од струшкиот турнир против Тиквеш откако покажал симптоми на Covid-19, a тестирањето покажало дека тој е позитивен на коронавирус. За проблемите да се уште поголеми, денеска позитивен бил и брзиот тест направен врз неговиот брат Кевин Ниокас, па сега и двајцата извесно време ќе бидат надвор од тренажен процес.

„Оливие беше позитивен и ставен е во изолација. Ги тестирање ракометарите пред секој меч, Кевин вчера беше негативен и затоа настапи против Тиквеш. Сепак, поради контактите со неговиот брат близнак денеска за сигурност му направивме и брз тест, кој за жал беше позитивен. Кевин пред неколку месеци го има прележано коронавирусот. Разочарувањето и кај играчите и кај сите нас е огромно бидејќи браќата Ниокас беа максимално мотивирани уште од самиот старт на подготовките да ги покажат своите квалитети во дресот на нашиот клуб“, потврдија од РК Металург за ЕКИПА.

Се вчитува...