Коронавирусот пристигна и во редовите на Денвер

Еден кошаркар на Денвер е заразен од коронавирус, потврдија од клубот иако не сакаат да го соопштат името на својот член.

„На 19. март член на организацијата на Денвер е позитивен на тестот на Ковид-19. Таа личност, откако појави симптоми на болеста на 16. март, во моментов е под комплетна медицинска грижа и е во изолација. Здравјето и безбедноста на нашите кошаркари се над се. Денвер ќе продолжи да работи, заедно со клупските лекари, здравствените работници и стручњаците за инфективни болести за што побрзо да се надмине оваа кризна состојба“ – се вели во соопштението од Денвер.

Се вчитува...