Коронавирусот се шири во Реал Мадрид – нов позитивен фудбалер на Covid-19

Карло Анчелоти се соочува со сериозни проблеми по враќањето на чело на Реал Мадрид, откако коронавирусот се повеќе се шири во таборот на Реал Мадрид и го оневозможува искусниот стратег од самиот почеток да работи со сите фудбалери во подготовките за новата сезона.

Давид Алаба само неколку дена по официјалната промоција доби позитивен корона-тест,  во самоизолација се наоѓаа и најдобриот стрелец Карим Бензема, а денеска и трет фудбалер на Реал беше позитивен на тестирањата во тренинг-базата на „кралскиот клуб“. Станува збор за десниот бек Одриозола, кој согласно здравствените протоколи веднаш замина во самоизолација.

Одриозола и Алаба дефинитивно ќе го пропуштат пријателскиот меч со Милан закажан за 8 август, но се очекува двајцата да бидат максимално подготвени за настап на премиерата на новата сезона, дуелот со Алавес во првото коло од Ла Лига закажан за 14 август.

Се вчитува...