Коронавирусот забрзано се шири меѓу натпреварувачите на Вуелта

Од почетокот на велосипедската трка во Шпанија, Вуелта, со коронавирусот се заразени 12 велосипедисти, соопштија организаторите. Во очи денешната 10-та етапа на хронометар од Елче до Аликанте.

Во текот на одморот во понеделникот, на листата на позитивни се додадени Матијас Норсдгард од Мовистар и Џерард Дризнерс од Лото Судал. Од петокот до понеделникот откриени се девет случаи меѓу велосипедистите.

„Тестовите и натаму создаваат стрес во екипата, но мораме тоа да го надминеме. Ако се чувствуваш лошо, секако нема да се натпреваруваш. Мислам дека треба да има прописи, а не тестови“, рече австралискиот возач Бен О’Конор од АГ2Р.

Од заразените се уште и Андреа Вендрам, Јако Ханинен, Ентони Делаплас, Ваут Пулс и Примож Роглич.

Се вчитува...