Македонската сениорска репрезентација продолжува со подготовките за јулскиот ФИБА „прозорец“ од претквалификациите за Европското првенство 2029, а првата проверка на сработеното ќе биде на денешниот контролен меч против Бугарија што ќе се игра во Самоков со почеток во 18 часот по македонско време.
По неколкудневната работа во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје, избраниците на селекторот Жозеп Мариа Берокал во недела ќе отпатуваат за Самоков, каде ќе го одиграат првиот контролен натпревар во овој подготвителен период.
Тимот го предводи капитенот Војдан Стојановски, а во составот се уште и: Стојан Ѓуроски, Марин Петков, Валмир Какруки, Виктор Ефремовски, Лука Стојановски, Амар Хот, Павел Иванов, Виктор Ташовски, Мухамед Тачи, Марко Луканоски, Петар Бошалески и Тома Стојаноски.
Во домашниот тим ќе недостига најдобриот бугарски кошаркар, Саша Везенков, кој нема да му биде на располагање на стручниот штаб за денешниот натпревар.
Македонија ќе ги одигра последните два натпревари од групата „А“ во претквалификациите за Евробаскет 2029 – против Ирска на 2 јули во Скопје и против Луксембург на 5 јули на гостински терен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
