Кошаркарите го одработија првиот тренинг пред новиот претквалификациски предизвик (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската машка сениорска кошаркарска репрезентација денеска во СРЦ „Кале“ ги започна подготовките за престојните претквалификации за Евробаскетот кој ќе се одржи во 2029 година.

За разлика од првиот собир под водство на селекторот Марјан Илиевски, репрезентацијата на Македонија сега доби поголемо искуство со приклучување на Војдан Стојановски, Адем Мекиќ, Стојан Ѓуроски… кошаркари од кои се очекува да бидат лидери на натпреварите против Азербејџан во Скопје и Ирска во Даблин.

Дел од првиот тренинг на репрезентацијата беше и Џејкоб Вајли, натурализираниот Македонец кој доби шанса за настап и на претквалификациите за Светското првенство, но тој во среда ќе добие и конкуренција во името на Омари Мур кој подоцна се приклучува на новите соиграчи.

 

Се вчитува...