Кошаркарите одлучија – НБА сезоната, сепак, ќе продолжи

НБА кошаркарите донесоа одлука плеј-офот во НБА лигата да продолжи, а борбата против расизмот да ја продолжат преку други постапки.

За потсетување кошаркарите на Милвоки Бакс одлучија да не го одиграат петтиот натпревар од серијата од плеј-офот против Орландо во знак на протест против полициската бруталност, а иницирано од последниот настан во кој невооружен човек беше застрелан со седум куршуми од полицаец во Висконзин. Потоа НБА ги откажа и останатие два натпревар од ноќешната програма.

И денешните натпревари ќе бидат одложени, а се очекува плеј-офот во најсилната кошаркарска лига во светот да продолжи викендов.

 

 

View this post on Instagram

 

Thursday’s games will be postponed, the source told @wojespn.

A post shared by ESPN (@espn) on

Се вчитува...