Кошаркарите отпатуваа за Ирска, Вајли ќе го замени Омари Мур (ФОТО)

Македонската кошаркарска репрезентација претпладнево отпатува за Даблин, Р. Ирска, каде ја очекува вториот натпревар од претквалификациите за пласман на Европското првенство.

По синоќешната убедлива победа над Азербејџан во Скопје, сега избраниците на Марјан Илиевски патуваат за Ирска по втора победа на Македонија.

Селекторот Илиевски искажа задоволство за новиот Американец во македонските редови, Омари Мур, кој се постави во служба на колективот, оставајќи Андреј Јакимовски да ја преземе лидерската улога на овој меч. Но, сега за дуелот со Ирска во Даблин отпатува крилниот центар Џејкоб Вајли, кој ќе биде на местото на Омари Мур.

Се вчитува...