Кошаркарите отпатуваа за Швајцарија

Македонската кошаркарска репрезентација е на пат за Швајцарија каде што ќе го одигра последниот натпревар од предквалификациите за пласман на следното Европско првенство. Нашите најдобри кошаркари посакуваат победнички да го завршат циклусот и на најдобар начин да го заверат прогресот во следниот квалификациски сегмент.

Македонската репрезентација има три победи во трите одиграни дуели и е лидер на табелата во конкуренцијата „А“. Избраниците на Јорданчо Давитков ќе ја задржат првата позиција дури и со пораз, не повисок од 15 поени. Сепак опцијата да се загуби од Швајцарците не е во игра за македонскиот национален состав. И селекторот Давитков и репрезентативците најавија поволен исход од средбата која утре во 19.30 часот ќе биде одиграна во Фрибург.

Се вчитува...