Кошаркарите „слетаа“ во Ирска – одиме по втора победа

Нашите најдобри кошаркари ги оставија зад себе случувањата на првиот натпревар од претквалификациите за Евробаскетот 2029 против Азербејџан, одигран во Скопје, во кој бевме убедливо подобри и славевме висока победа (87:49).

Сениорската репрезентација на Македонија вечерва со лет преку Истанбул конечно пристигна во Даблин каде во недела навечер, ќе го игра вториот меч од претквалификациите за Европското првенство во 2029 година.

Стручниот штаб на нашата селекција, предводен од селекторот Марјан Илиевски се одлучи до почетокот на дуелот со селекцијата на Ирска, да бидат одработени три тренинзи. Првиот, утре изутрина, од девет часот, во „Националнатаа баскет Арена“ во Даблин. „Црвено-жолтите“ ќе тренираат и попладнето, поточно во периодот од 18. до 19.30 часот, на теренот на кој е оној „главен настан“, мечот од второто коло од групата „А“, против домашната репрезентација.

Планиран е и уште еден, едночасовен утрински, тренинг (од 9 часот), на денот на одигрување на натпреварот, кој е закажан за 30. ноември, од 18 часот.

Се вчитува...