Кошаркарите со нов скок на ранг-листата на ФИБА

Добриот настап и победата над Словачка придонесе македонската репрезентација да се искачи за едно место на најновата ранг-листа на ФИБА, објавена денеска. „Црвено-жолтите“ со овој триумф скокнаа на 39. позициј на светскиот ранкинг, користејќи го падот од две места на Велика Британија.

Очекувано, на врвот се наоѓа националната селекција на САД, пред Шпанија, Франција, Србија и Аргентина.

Гледано само во европски рамки, Македонија со скокот од едно место моментно се наоѓа на 21. позиција на кошаркарски репрезсентации од Стариот континент. Пред избраниците на Давитков од европските селекции се наоѓаат Белгија, Црна Гора и Израел, а зад Македонија на оваа ранг-листа се наоѓаат репрезентациите на Велика Британија, БиХ, Унгарија и Исланд.

Се вчитува...