Кошаркарите тргнаа, авионот на селекторот доцнеше (фотогалерија)

Македонската кошаркарска репрезентација ги стартуваше подготовките за претквалификациите за Евробаскет 2021, во која нашата национална селекција ќе се сретне со Словачка и со Швајцарија.

На првата прозивка доцнеше селекторот Јорданчо Давитков, оправдано, поради доцнењето на неговиот лет од Истанбул, поради што тренингот го стартуваа неговите асистенти Јончевски и Малинков, за Давитков со кратко задоцнување да им се приклучи.

Првиот тренинг оправдано од клупата го следеа Ненад Димитријевиќ, Бојан Крстевски и Дамјан Стојановски, кои вчера играа натпревари за своите екипи, го немаше ниту Чековски кој се повреди на дуелот Гостивар – Работнички, а повторно е неизвесен статусот на Бојан Трајковски, кој се појави со задоцнување во салата, се поздрави со селекторот, па се упати инцидивуално во салата за кревање товар во СЦ „Јане Сандански“.

[new_royalslider id=”855″]

Се вчитува...