Кошаркарите тргнаа комплетни, со Давитков на кормилото и со Хендрикс во ростерот

Машката кошаркарска репрезентација на Македонија со сите расположливи сили, со селекторот Јордначо Давитков на кормилото, и со натурализираниот Американец Ричард Хендрикс, ги стартуваше подготовките за претстојниoт квалификациски натпревар против Словачка в недела во Скопје. Националниот тим во комплетен состав го одржа првиот тренинг во салата „Јане Сандански“, каде в недела и ќе ги пречекаат Словаците, со почеток во 20.15 часот.

„Ги почнуваме подготовките во комплетен состав и тоа може да радува. Со нас е и Ричард Хендрикс, чија здравствена состојба е подобра и се надеваме дека ќе може да ни помогне на дуелот со Словачка. При деталните лекарски прегледи е утврдено дека Хендрикс имал грип, а сега неговото здравје е многу подобро. Ќе се подготвуваме во наредните неколку дена и ќе се обидеме да го дочекаме подготвени натпреварот против Словачка“, изјави селекторот Јорданчо Давитков на првиот собир.

Се вчитува...