Патот кон ФИБА Евробаскет 2029 продолжува со ждрепката за втората рунда од претквалификациите, која ќе се одржи денеска (четврток, 16 јули) со почеток во 12:45 часот во Минхен.
Во оваа фаза ќе бидат распоредени 12 репрезентации, меѓу кои и Македонија, која обезбеди пласман како победник во својата група од првата рунда.
Според веќе утврдениот систем на ФИБА, формирани се по две селекции кои ќе се најдат во четирите групи и се чека да се извлече по една од првите претквалификации, меѓу кои е и Македонија. Така, наши ривали во следната фаза ќе бидат една од четирите опции: Данска и Романија, Кипар и Австрија, Белгија и Чешка или Швајјцарија и Велика Британија.
Селекциите ќе бидат поделени во четири групи со по три репрезентации, а најдобропласираните во секоја група ќе обезбедат место во квалификациите за Евробаскет 2029.
Натпреварите од втората рунда ќе се играат во три ФИБА прозорци:
27–30 август 2026
26–29 ноември 2026
25–28 февруари 2027
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
