Кошаркарите во Куманово ќе ги пречекаат Романија и Унгарија

Македонската кошаркарска репрезентација во салата во Куманово ќе ги одигра домашните дуели против Романија и против Унгарија во рамките од светските претквалификации.

Македонија на 2. август игра на домашен терен против Романија, а потоа на 9. август гостува во Шолнок кај Унгарија. На 13. август македонските кошаркари гостуваат во Орадеа кај Романија, додека послендиот меч е на 20. август во Куманово против Унгарија.

Ако сакаме да обезбедиме пласман во квалификациите за СП во Катар 2027 година, ќе треба најпрво да завршиме на првото или на второто место на табелата, за потоа да ги добиеме противниците во квалификациите.

Се вчитува...