Кошаркарките го нападнаа Лука Дончиќ поради, наводно, исцениран видео материјал… (ВИДЕО)

Покрај Лука Дончиќ, кој во првата НБА сезона ја доби наградата за дебитант на годината, Далас би можел да има има руки на годината и во женска конкуренција со оглед на тоа дека Арике Огунбовале од Далас вингс е главна кандидатка за таа награда.

Затоа Дончиќ сними и кратко видео со поддршка за својата колешка…

„Арике знам дека играш одлична сезона, знам дека ќе бидеш руки на годината, ти посакувам многу среќа“ – вели Лука во објавениот видео материјал.

 

И, иако сето тоа изгледа како симпатичен гест, не беа сите воодушевени со таа објава. Од Минесота се посомневаа на искреноста на тие зборови на Лука Дончиќ.

„Вели типот кој цела сезона не беше на ниту еден натпревар од ВНБА лигата, но му пратија дрес и сними исценирано видео“ – велат во реакцијата од Минесота.

 

Оваа реакција предизвика нормално дополнителна реакција сега од девојките на Далас кои застанаа во одбрана на Лука Дончиќ.

Се вчитува...