Кошаркарките на Баскет Кам први финалистки во Купот на Македонија

Кошаркарките на Баскет Кам обезбедија финале во Купот на Македонија откако во првата полуфинална пресметка славеа убедливо со 90-70 против екипата на Крива Паланка.

Од самиот старт на мечот Баскет Кам ја покажаа својата надмоќ јасно ставајќи до знаење дека нема да дозволат изненадување, добивајќи ја првата четвртина со 30-11. Потоа се беше само рутинско одржување на предноста за конечна победа.

Најефикасна кај Баскет Кам беше Зубац со 21 поен, со 19 поени и 10 скока заврши Димова а по 17 поени постигнаа Под Димитровска и Кметовска која имаше и 11 скока. Кај Крива Паланка се издвои Мазик со 23 постигнати поени.

Во второто полуфинале, од 18:30 часот, ќе играат Вардар и МЗТ Скопје.

Се вчитува...