Кошаркарките немаа сила за нова сензација: Пораз од Белгија со 59 разлика

После победата на гостувањето во Сараево, женската кошаркарска репрезентација на Македонија беше убедливо поразена од Белгија на домашен терен во СРЦ Кале во Скопје сио 43-102.

Клучна беше првата четвртина, кога Белгија направи серија од 23-0, низа по која избраничките на Ашаданов немаа сили ниту можност да се вратат, затоа што Белгијките само ја зголемуваа разликата до крајот на мечот.

Првиот дел го добија со 5:28, а во вториот период нешто подобра игра на нашите кошаркарки за 13-18, со што на полувреме Белгија замина со предност од 28 разлика. Во вториот дел доминацијата на Белгија продолжи, Македонија немаше сила ниту квалитет да се врати резултатски во мечот, за на крај убедлив триумф на гостинот.

Месеман со 17 поени беше најефикасна, Абделкадер со 15 зад неа. Кај Македонија Митрашиновиќ со 15 поени беше најдобра.

Се вчитува...