Кошаркарките потклекнаа во второто полувреме против Словачка

Селекцијата на Македонија за кошаркарки до 18 години го претрпе и четвртиот пораз во низа на европското првенство – Б дивизија откако нашите млади кошаркарки загубија со 65-80 на дуелот со Словачка.

„Црвено-жолтите“ имаат за што да жалат ако се земе во предвид одличното прво полувреме во кое постигнаа дури 44 поени, на одмор заминувајќи со предност од 44-43. Вториот дел за жал донесе поинаква слика, па македонските млади кошаркарки за 20 минути постигнаа само 21 поен (во првата и во втората четвртина реализираа по 22), противничките на спротивната страна го задржаа својот ритам во нападот и на крајот стигнаа до убедлива победа.

Ива Колева со 22 постигнати поени беше најефикасна во македонскиот табор, а двоцифрен ефект имаа и Трајковска со 16 и Милосављевиќ со 10 поени.

Се вчитува...