Кошаркарките со пораз од Естонија го завршија настапот на ЕП до 18 години Б-дивизија

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 18 години со пораз од Естонија од 76-64 го заврши настапот на Европското првенство Б-дивизија кое се игра во романска Тулчеа.

Естонките подобро го отворија натпреварот и веќе по десет минути игра имаа позитива од 21-13. До крајот успеаја да го исконтролираат мечот и да стигнат до својот прв триумф на шампионатот.

Теа Трајковска со 13 поени беше прво име во таборот на нашиот тим, додека кај победникот Лаура Грунман постигна 26 поени.

Се вчитува...