Кошаркарките со скок од шест места

Македонија претрпе порази на двата меча од квалификациите против Хрватска и Германија, но добрите игри и значителното намалување на негативата во однос на ривалите придонесе „црвено-жолтите“ по долга пауза конечно да напредуваат на ранг-листата на ФИБА.

Македонија е една од петте земји во светот, заедно со Финска, Бугарија, Узбекистан и Естонија, кои во најновото рангирање на ФИБА имаат најголем скок. Конкретно, според денешното рангирање на Светската кошаркарска федерација, нашиот женски национален тим е на 73. место во светското рангирање, што значи напредок од шест места во однос на претходната ранг-листа.

Ова ќе биде само мотив повеќе за селекторот Ѓоровиќ, неговиот стручен штаб и кошаркарките да прикажуваат уште подобри игри во наредниот период.

Се вчитува...