Кошаркарките тргнаа за Охрид, Бонер доаѓа в четврток

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија од денеска замина во карантин во Охрид, по  вчерашните прегледи и задолжителното PCR тестирање од Covid-19. „Црвено-жолтите“ во следните седум дена ќе тренираат во салата „Билјанини Извори“, по што на 8 ноември ќе заминат за Рига, каде ќе настапат на „балонот“ од квалификациите за Евробаскет 2021.

Нашиот национален тим нема да биде комплетен на стартот на подготовките, Американката Бонер ќе пристигне на 5 ноември, а последни ќе се приклучат интернационалките Анџелика Митрашиновиќ и Софија Лазареска.

„Наша основна цел, пред сè, да бидеме многу, многу подобри отколку во првиот ФИБА ‘прозорец’. Противниците да почнат да нè респектираат. Што подолго да сме ‘внатре’, во натпреварот, без жолти минути. Да отскокне некој од младите играчи и над се, да го зајакнеме и да го правиме култот на национален тим. Би сакал да ја споменам големата желба на репрезентативните кандидатки. Да се подготвиме што е можно подобро за турнирот во Летонија. А исто така да ја искажам пофални зборови за нашата федерација која вложи много труд за да оформиме најдобар можен состав и да ни организираат вакви подготовки и патување што во време на оваа пандемија не е воопшто лесно“- нагласува селекторот Ѓоровиќ пред почетокот на подготовките.

На пат за Охрид утринава, тргнаа: Нена Трајчевска, Матеа Николиќ, Ивана Кметовска, Ивона Пејковска, Сандра Лазареска, Драгана Јоловиќ, Сања Адамовска, Јована Петрушевска, Габриела Модева, Марија Димитријевиќ, Цветанка Димова.

Македонија на 12 ноември ќе се сретне со селекцијата на Хрватска, а два дена подоцна нашите кошаркарки за противник ќе ја иаат Германија.

Се вчитува...