Кошаркарките во последниот шешир при квалификациите за ЕП 2019

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија утре ќе ги дознае противниците во квалификациите за Евробаскет 2019, што ќе се одржи во Србија и Латвија.

Како што е добро познато, нашиот национален тим по пауза од неколку години повторно ќе биде дел од еден квалификациски циклус, па „црвено-жолтите“ неслучајно се дел од последниот шешир при ждребот во Минхен, заедно со селекциите на Финска, Бугарија, БиХ, Португалија, Естонија, Швајцарија и Албанија.

Само домаќините Србија и Латвија обезбедуваат директен пласман на овој европски шампионат, а преостанатите 32 селекции ќе се борат за 14 билети на континенталниот собир.

Квалификациите за избраничките на селекторот Марјан Лазовски ќе стартуваат на 6 ноември, по што ќе се играат по две средби и во февруари и во ноември 2018 година.

sesiri zeni kosarka

Се вчитува...