Кошаркарките засилени со Бонер и со Митрашиновиќ на пат за Рига

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија утрово од Софија тргна на пат за Рига, каде ќе го игра „балон-турнирот“ од квалификациите за Евробаскет 2021. „Црвено-жолтите“ ги очекуваат пресметки со Хрватска (12 ноември) и Летонија (14 ноември), а по убедливите порази во првите две рунди Македонија ќе биде значително засилена во Рига, со плејмејкерката Митрашиновиќ и Американката со македонски пасош, Девана Бонер.

„За жал, од здравствени причини, не можеме да сметаме на некои кошаркарки како Софија Лазареска, која мораше да остане во Италија, и Драгана Јоловиќ, која беше со нас во Охрид, но исто така ќе го пропушти овој турнир во Рига. И овојпат не можеме да сметаме на комплетен ростер. Но радува тоа што во овие неколку дена пред првиот натпревар ќе имаме можност да се воиграме со Бонер и со Митрашиновиќ, за која овие тренинзи во Рига ќе бидат први во овие квалификации со останатиот дел од тимот“ – истакнува Ѓоровиќ.

 

СПИСОК НА КОШАРКАРКИ ЗА ТУРНИРОТ ВО РИГА

1. Нена Трајчевска

2. Aнџелика Митрашиновиќ (Будуќност Бемакс – Црна Гора)

3. Матеа Николиќ (Кампо Басо – Италија)

4. Ивана Кметовска (КАМ Баскет)

5. Ивона Пејковска (Вардар)

6. Сања Адамовска (Бадел 1862)

7. Јована Петрушевска (Вардар)

8. Габриела Модева (Струга 2009)

9. Марија Димитријевиќ (Бадел 1862)

10. Цветанка Димова (Бадел 1862)

11. Девана Бонер (Конектикат Сан – САД)

Се вчитува...