Паспаљ направи кош пред зграда, му се појави цела репрезентација (видео)

Зошто кошарката е спорт број 1 во Србија доказ е и последната случка поврзана со долгогодишниот југословенски репрезентативец Жарко Паспаљ. Тој реши да направи кош во заедничкиот простор пред зградата каде живее, па неколку месеци работеше за да го оспособи просторот.

Кога го стори тоа, Кошаркарската Федерација на Србија му подари нов кош за да биде поставен, но тоа не беше се… селекторот Ѓорѓевиќ и сите репрезентативци се појавија пред зградата на Паспаљ, доведувајќи го големиот ас на раб на солзи.

И колку што е сето ова за максимална почит, човек не може а да не се запраша дали некогаш ќе видиме нешто слично и кај нас. Да се најде некој што ќе сака да создаде услови за кошарка во своето соседство, онака, од мерак…  А потоа акцијата да стане масовна, без никаква корист, пари или пазар со гласови.

Туку – само за кошарката.

Се вчитува...