Кошаркарска Македонија се подготвува за нов претквалификациски циклус

Македонската кошаркарска репрезетнација во СРЦ „Кале“ денеска официјално ги започнува подготовките за претквалификациите за Евробаскетот кој ќе се одржи во 2029 година.

Пред „црвено-жолтите“ се нови предизвици, овој пат против репрезентациите на Азербејџан, Луксембург и Ирска кои ќе донесат и промени во играчкиот кадар со нови натурализирани кошаркари.

Еден од нив е Омари Мур, бекот пред кој е голем предизвик да го замени фантастичниот Ти-Џеј Шортс. Неговото пристигнување се очекува во среда, додека од претходно со составот ќе тренира веќе добро познатиот Џејкоб Вајли кој со години носи стабилност под обрачите на Македонија.

Одлуката на Илиевски за кој од овие двајца ќе биде изборот за натпреварот против Азербејџан кој ќе биде одигран во Скопје на 27. ноември ќе биде дополнително донесена, но со оглед на потребите на репрезентацијата, доверба и овој пат се очекува да му биде доделна на крилниот центар на литвански Ритас.

Ноемвриските квалификации ќе бидат комплетирани со натпреварот против Ирска во Даблин на 30. ноември, а дотогаш репрезентативците ќе тренираат под скопската тврдина.

За разлика од последните квалификациски натпревари минатото лето, овој пат се очекува Македонија да настапи со поискусни кошаркари како Војдан Стојановски, Стојан Ѓуроски, Адем Мекиќ… кои ги пропуштија претквалификациите за Светското првенство поради оправдани причини.

Список на повикани кошаркари:

Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром
Стојан Ѓуроски – Работнички
Бобан Стајиќ – Пелистер
Андреј Митревски – Пелистер
Лука Стојановски – Пелистер
Виктор Ташовски – ТФТ Скопје
Страхил Николов – ТФТ Скопје
Теодор Симиќ – Кожув
Адем Мекиќ – Бора – Косово
Ваљмир Какруки – Сигал Приштина – Косово
Лејсон Зеќири – Башкими – Косово
Андреј Јакимовски – Тренто – Италија
Џејкоб Вајли – Ритас – Литванија
Омари Мур – Валенсија – Шпанија 

Се вчитува...