Кошаркарската федерација на Македонија jа продолжи соработката со Комерцијална банка АД Скопје, како начин за поддршка на машката сениорска А репрезентација на Македонија.
Продолжувањето на ова партнерство претставува значајна потврда за довербата што Комерцијална банка ја има во македонската кошарка и во националниот тим, кој со гордост ја претставува нашата држава на меѓународната сцена.
„Поддршката на нашата најдобра репрезентација е од особено значење во остварувањето на поставените спортски цели и обезбедувањето на најдобри можни услови за подготовка и настап на македонските репрезентативци. Во име на Кошаркарската федерација на Македонија, стручниот штаб и сите репрезентативци, упатуваме искрена благодарност до раководството на Комерцијална банка АД Скопје за препознавањето на важноста од континуирана поддршка на националниот тим. Уверени сме дека и во периодот што следува, заеднички ќе продолжиме да работиме во интерес на македонската кошарка и ќе се стремиме кон нови успеси кои ќе донесат радост и гордост за сите љубители на спортот во нашата земја“ – истакнаа од Кошаркарската федерација на Македонија, по потпишаниот нов договор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
