Кошаркарската лига се проширува за две екипи

Првата кошаркарска лига на Македонија во сезоната 2020/21 ќе брои дванаесет наместо досегашните десет екипи, се очекува да биде изгласано на денешната седница на Управниот Одбор на КФСМ.

Претседателот Перо Антиќ за денеска закажа седница на УО, на која треба да се верификуваат одлуките за прекин на Првата лига – жени, како и на второлигашките натпреварувања. Притоа, Првата лига – мажи ќе се прошири со влез на првопласираните екипи од Втора лига – Запад и Втора лига – Исток. Со ова, место во елитното друштво ќе добие скопскиот тим ТФТ, како и екипата на Црн Дрим од Струга.

Со предлогот на Антиќ до УО, би се променил и системот за натпреврување за следната сезона, па така од елитата би испаднале четири клуба, а најдобрите од двете втори лиги би обезбедиле влез во Првата лига.

Се вчитува...