Кошаркарската сезона почнува на 3 октомври?

Новата сезона во кошаркарскиот шампионат на Македонија се очекува да стартува на 3 октомври, информираат од раководството на КФСМ. Голем дел од прволигашите веќе почнаа со тренинзи, во ситуација на коронавирус се уште нема официјална информација за старт на сезоната, но од „куќата на кошарката“ очекуваат тоа да се случи во првиот викенд од месец октомври.

„Се вршат подготовки за да може да се стартува новата сезона согласно сите протоколи. Начелно имаме договор за да се почне од 3 октомври. Сепак, ќе треба во следниот период да искомуницираме уште еднаш со одговорните органи за мерките против Covid-19. Доколку нема посериозни осцилации во ситуацијата со коронавирусот во наредниот период, кошаркарската сезона ќе стартува на 3 октомври“, изјави Генералниот секретар на КФСМ, Владимир Георгиевски, за ЕКИПА.

Според овој план, новата сезона во второлигашка конкуренција би требало да почне на средина од месец октомври, две седмици по стартот на прволигашите.

Се вчитува...