Кошаркарскиот Куп на Македонија повторно во СРЦ „Кале“ во Скопје

Завршниот турнир од кошаркарскиот Куп на Македонија и оваа година ќе се одржи во СРЦ Кале во Скопје, од 16 до 18 февруари во организација на КФСМ.

„Осумте најдобри екипи во машка сениорска конкуренција ,односно четирите најдобри екипи во женска сениорска конкуренција, од 16. до 18. февруари, во Скопје, ќе се надигруваат меѓу себе за да стигнат до престижниот трофеј од Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“.

Завршниот турнир во женска конкуренција, оваа година ќе се игра на 17. и на 18.февруари, додека осумте најдобри во машка конкуренција ќе се борат за трофејот во периодот од 16. до 18. февруари.

Бранители на трофеите се екипите на ТФТ од Скопје, во машка конкуренција, додека кај дамите во таа улога е екипата на Баскет Кам 2011 од Македонска Каменица, која го освои трофејот во минатогодишното издание на финалниот турнир, кој исто така се одржа во Скопје.

Сите натпревари, и во машка и во женска конкуренции, ќе се играат во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје“, објави КФСМ.

Според веќе утврдениот распоред, во четвртфиналето во машка конкуренција ќе се сретнат: МЗТ Скопје  – Кожув, Гостивар – Феникс 2010, Пелистер – Еуро Никел и ТФТ – Работнички.

Се вчитува...