Кошарката пак носи радости… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската кошаркарска репрезентација за првпат по долго време врза две победи во низа на официјални натпревари. Точно е, средбите се претквалификациски, а противниците потпросечни, но токму тоа беше неопходно за конечно да почне да се враќа самодовербата кај самите кошаркари, но и вербата на јавноста во националниот тим.

Патот до приближувањето до европската елита ќе биде долг и трнлив, но ова во секој случај е добар почеток. „Две од две“ на стартот од претквалификациите значи и речиси сигурен пласман во главниот квалификациски циклус, таму се пресметките со посериозни ривали, но и за пополна сала. Денеска посетата беше многу добра за еден претквалификациски меч, а ако продолжат со победите кошаркарите наскоро ќе можат да очекуваат и полни трибини… како во старите добри времиња.

[new_royalslider id=”861″]

Се вчитува...