Кошарката стартува на 3 октомври: КФСМ ќе ги плати тестовите, но не ја укина котизацијата

Новата сезона во Првата лига-мажи ќе почне на 3.октомври, одлучи Здружението на претставниците на клубовите кои се дел од прволигашката конкуренција. Меѓу нив и двата нови членови на елитното друштво, КК „ТФТ“ од Скопје и КК „Црн Дрим“ од Струга, што ја прават бројката на екипи-учесници на 12. Согласно со тоа, односно системот за натпреварување за сезоната 2020/21, во првиот дел од првенството ќе се одиграат вкупно 22.кола. Првопласираните шест екипи (со пренесени бодови од првиот дел), продолжуваат со натпреварувањето во Супер лигата. Екипите (исто така со пренесени бодови од првиот дел) кои ќе завршат од 7. до 12. позиција на табелата, ќе разигруваат во „Плеј-аут“ лигата.

КФСМ го презентираше и Протоколот за организација на првенствени натпревари во вонредни ситуации настанати поради вирусот Ковид-19, во сите рангови на натпреварување за сезона 2020/2021. Федерација ќе ги покрие трошоците на екипите за задолжителното тестирање од вирусот Ковид-19, кое треба да биде извршено на 72. часа пред почетокот на новата натпреварувачка сезона. Клубовите се согласија дека обврска на сите од нив е да ја платат котизацијата за натпреварувањето во Првата лига-мажи, што значи дека и покрај најавите таа нема да биде укината.

ДВОЈКИ – 1.КОЛО

(3.ОКТОМВРИ)

Академија ФМП – Гостивар
ТФТ – Куманово
Кожув – Пелистер
МЗТ Скопје Уни Банка – Еуро Никел 2005
Работнички – МЗТ Скопје Аеродром
Вардар – Црн Дрим

Се вчитува...