Жељко Обрадовиќ не може да крене глава од проблеми на стартот на подготовките на Панатинаикос. Најпрвин Кендрик Нан се пожали на проблем во коленото, а Обрадовиќ од вчера остана без уште еден клучен кошаркар во ротацијата.
Најџел Хеејс Дејвис требаше да биде лидер на тимот на Обрадовиќ, но американскиот крилен кошаркар се здоби со скршеница на коска во стапалото.
Првичните прогнози се дека паузата на Американецот ќе изнесува најмалку шест седмици, но не се исклучува можноста Обрадовиќ да го нема Хејс Дејвис во тимот и подолго од два месеца.
Панатинаикос ќе ја отвори новата евролигашка сезона на 24 септември со домашниот натпревар против екипата на Париз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
